За велигденскиот викенд можно да биде дадена дозвола за излез само на деца со аутизам


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На барањето од страна на родителите за време на продолжениот велигденски викенд, кога е најавена 85 часовна изолација на целокупното население, да се одредат неколку часа во денот кога еден родител би можел да ги прошета децата до 10-годишна возраст, министерот за здравство вели дека така ќе се наруши редот и дека постои можност за собирање помали групи околу зградите.

Но, затоа пак, разгледуваат можност да им се дозволи излегување на децата со аутизам кои имаат воспоставено рутина, која ако се наружи, може да доведе до влошување на сотојбата на децата.

За ова ќе се разговара утре на Комисијата за заразни болести, по што ќе се донесе одлука, пред претстојниот Велигденски викенд кога во карантин целата земја ќе биде од петок попладне до вторник наутро.