Instagram во светски рамки воведува веб пристап до директните пораки


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Социјалната платформа Instagram започна со воведување веб пристап до директните пораки на сите свои корисници ширум светот.

Компанијата ја најави презентацијата на својот Twitter профил. Како и обично, можеби ќе треба да почекате некое време пред да добиете пристап до оваа функција.

По интерниот пробен период, компанијата на почетокот на годината започна тестирање на директни пораки за веб со мал процент на корисници. Како и на Instagram мобилната апликација , можете да ја користите оваа функција за учествување во поединечни и групни разговори, како и за споделување фотографии, пишува „Engadget“.

Давање на луѓето пристап до приватните пораки, без оглед на нивната платформа по избор, беше целта на Facebook уште од минатата пролет. Компанијата на крај се надева дека ќе понуди соединување на пораките во сите свои основни апликации, вклучувајќи ги Instagram, WhatsApp и Messenger, пренсе „PC Press“.