Актуелна состојба со коронавирусот во Македонија во последните 24 часа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес, на редовна прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче излезе со најновите податоци за состојбата со коронавирусот во Македонија.

„Ме радува што 42 пациенти се оздравени“, рече на прес конференцијата министерот Филипче.

За жал, има пациенти кои лошо завршуваат и покрај напорите на медицинските работници , од кои четворица на Инфективната клиника и двајца во болницата 8-ми Септември.

За прв пат има еден потврден случај во Кичево, а вкупната бројка е 908 лица, 9262 теста се направени, а во последните 24 часа 710 теста.

Од вкупно 31 обезбедени респиратори , првите ќе стигнат во наредните неколку дена .

„Денеска е потврден пациент кој е вработен во лаборатоја во Клиниката за детски болести“, наведе министерот. Двете бебиња на Инфективна клиника се стабилни.

За 7 дена ќе стигнат нови респираторни машини.