Home Актуелно За само пет месеци Путин накрцал 72 тони државни златни резерви

За само пет месеци Путин накрцал 72 тони државни златни резерви

Рускиот претседател, Владимир Путин ги зголемил резервите на злато во државната каса за 72 тони од ноември 2016 година, објави весникот Ди Велт. Во моментов Русија има над 1.650 тони злато, што се случува за прв пат од времето на Советскиот Сојуз.

Според новите податоци, пак руската емисиона банка во февруари го зголемила златниот фонд за уште 9,3 тони.

Од овие купувања на скапоцени метали може да биде направен само еден заклучок. Кремљ сака да ја скрши економската супериорност на Америка и Европа, тврди изданието.

Вкупно, Русија и Кина поседуваат 3.500 тони злато. Тоа е за 1.500 тони повеќе отколку во 2013 година. Двете земји се разделија со американски државни обврзници во вредност од 400 милијарди долари.

Од финансиска гледна точка тоа не е ништо друго освен поместување на столбовите на власта од Америка во насока на Исток, сметаат од Ди Велт.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…