За САД одбраната на Бахмут не била паметен потег – Украинците останаа со тврд став за тоа прашање


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неколку месеци откако официјален Вашингтон го предупреди Киев дека е стратешки и логистички попаметно да се откаже од одбраната на Бахмут, украинските сили сè уште држат дел од западните предградија на градот иако по цена многу поголема отколку што кој било очекуваше.

Протечените документи од Пентагон откриваат дека уште во јануари американските воени стратези проценуваат дека шансите на Украина да го одбрани Бахмут се многу мали и ги предупредуваат своите украински сојузници дека „постепеното“ руско напредување од ноември „го загрозува украинскиот капацитет да го задржи градот“ и дека украинските сили веројатно ќе бидат во ризик да бидат обиколени, освен ако не се повлечат за еден месец, пишува Офф.нет.

„Овие предупредувања главно биле игнорирани. Киев ја претстави одбраната на Бахмут како императив далеку поголем од стратешката воена важност на градот, тврдејќи дека е неопходно да се одржи националниот морал и да не и се дозволи на Русија каква било шанса да се пофали со територијални придобивки.

Украина тврди дека пролонгирањето на битката за Бахмут ја цеди руската сила преку убивање на голем број војници, посебно од платениците на Вагнер,“ пишува Вашингтон пост.

Првиот човек задолжен за одбраната на Бахмут, полковникот Павло Палиса, објаснува дека ваквата процена никогаш не стигнала до него. Тој е човекот кој во моментот кога Русите стигаат до предградијата на градот, решава своите сили да ги повлече во градските населби, каде резиденцијалните објекти ги претвора во противтенковски и противпешадиски позиции.

Палиса раскажува дека кога тој доаѓа во Бахмут во средината на јануари неговите офицери го имаат истиот песимизам како и Вашингтон, проценувајќи дека градот ќе падне за две до три недели.

Периодов украинската позиција во градот е повеќе од зрела за целосно повлекување, откако руските сили дојдоа на неколку стотици метри од главните патишта за снабдување на украинските сили и пренос на ранети.

Украински војник кој се бори во Бахмут од ноември успехот на Украинците го објаснува со тоа што нивните команданти на терен имаат поголема автономија на одлучување отколку што им е дадена на руските команданти, заради што се далеку побрзи.

Заради борбите во градот кои се водат за секој влез и секој блок, Украинците успеваат да Бахмут да врзат голем број руски сили кои инаку би биле распоредени на други делови од фронтот. Важноста на Бахмут за Москва е што според нивни процени неговото освојување ќе им го отвори патот за преземање на контролата на цел Доњецк.

Во исто време Украинците не само што трошат муниција туку ги трошат и своите луѓе, кои според нивни изјави сега мора да се менуваат во градот на секои две недели. Самиот полковник Палиса се жали дека имаат изгубено многу позиции во градот само заради недостаток на муниција.

На прашањето дали се исплати одбраната на Бахмут, Палиса одговара:

„Проценка за успехот на мисијата ќе можам да дадам само откако сè ќе заврши.

Секој војник разбира дека додека го браниме градот, додека сме во Бахмут, им даваме време не новите единици да се обучат и да се подготват за следните акции.“