Home Актуелно За претерување со греењето во Швајцарија може да се лежи и до три години затвор

За претерување со греењето во Швајцарија може да се лежи и до три години затвор

Швајцарците кои ќе ги прекршат најновите прописи за заштеда на енергија ќе се соочат со парични, па дури и со затворски казни во времетраење до три години, пишува швајцарскиот весник „Блик“.

Прописите за штедење енергија предвидуваат температурата во зградите што се затоплуваат на гас може да биде максимално 19 степени Целзиусови, а температурата на водата најмногу 60. Забранети се електрични греалки, а забрането е и греење на сауни и базени. Според портпаролот на сојузното Министерство за финансии, Маркус Спорндли, дневната казна за прекршување на овие прописи е од 30 до три илјади швајцарски франци.

Со казни ќе се соочат и комуналните претпријатија што дистрибуираат топлинска енергија доколку ги надминат доделените квоти за потрошувачка на гас На кантоните им е даден рок до 22 септември да ги посочат мерките за спроведување на предвидените прописи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…