За некој трагичар за некој херој: Навивач му посвети тетоважа на Кариус (фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Навивач на Манчестер Јунајтед избра интересен начин да ги одбележи киксовите на голманот на Ливерпул, Лорис Кариус во финалето од ЛШ.

Голманот на „црвените“ беше трагичар во финалето и буквално им „подари“ два гола на „кралевите“.

Поразот на Ливерпул во финалето беше дочекан со радост во Манчестер, па фановите на „црвените ѓаволи“ го слават германскиот голман.

Еден фан направи и тетоважа „Кариус е легенда“ заедно со датумот од финалето.