За девојките кои 2018 ја дочекаа без дечко – 5 совети како да си најдете фраер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако долго време сте во љубовен статус „сингл“, тогаш сигурно сакате оваа година да ја пронајдете љубовта која ќе го исполнува со убави нешта вашиот приватен живот.

A желбата во 2018 година би можеле да си ја остварите полесно ако ги следите овие пет совети кои ви ги зголемуваат шансите да си го најдете фраерот кој ви недостига во животот.

1. Бидете попристапни

Оставете го телефонот, кренете го погледот од него и гледајте ги во очи луѓето со кои разговарате, особено ако станува збор за некој тип кој ви се допаѓа. Моќта на контактот со очи е многу поголема отколку што мислите. Исто така, бидете искрени, поопуштени и не гледајте ги другит „од високо“. Никој не сака „ледена кралица“. Попристапните девојки секогаш полесно ги освојуваат момците.

2. Искористете го дечкото/сопругот од вашите пријателки

Не велиме да имате афера со него – скраја да е. Ве советуваме само да го прашате дали може да ви договори некој состанок со некој негов пријател кој е слободен. Не мора да значи дека на таков начин по секоја цена може да ја запознаете љубовта на вашиот живот, но новите познанства и контакти ќе ви помогнат полесно да се опуштите во односите со другите луѓе.

3. Побарајте љубов „онлајн“

Апликациите и онлајн страниците за состаноци „на слепо“ не се места на кои се врткаат само чудаци. Обидете се да ги отфрлите предрасудите и да му дадете шанса на овој вид на запознавање со други луѓе. Којзнае, можеби на тој начин ќе запознаете и некој кој е вреден за цело ваше внимание и љубов.

4. Правете ги нештата кои ги сакате

Додека правите нешто во кое навистина уживате, го вадите најдоброто од вас и така станувате многу попривлечна за другите луѓе. Најдете си хоби кое целосно ќе ве исполнува, впуштете се во некој натпревар, можеби таму ќе запознате некој вреден за вашето внимание.

5. Отворете очи

Можеби веќе сте го запознале оној вистинскиот, само уште не сте го сфатиле тоа. Љубовта не се случува секогаш на прв поглед, понекогаш се потребни и илјада такви. Ако некој ваш пријател или познаник често, без причина и повод, ви се мота низ глава, тоа можа да значи нешто повеќе.