Whatsapp објави 12 свои безбедносни пропусти од кои 7 се навистина критични


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во рамки на извештајот за изминатата година кој го достави до Националната база за загрозеност на податоци на САД, комуникациската платформа Whatsapp објави 12 безбедносни пропусти.

Овој извештај дополнително придонесува за проблемот со безбедноста на податоците на оваа апликација, со оглед на неодамнешните тврдења дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го хакирал телефонот на Џеф Безос, основач и сопственик на „Амазон“.

Податоците од Националната база на САД покажуваат дека од 12-те пропусти, дури 7 се „критични“. Со ова, стапката на повредливост на податоците скокна значително во однос на претходните години, кога WhatsApp пријави една или две нарушувања на безбедноста, пренесува Business Insider.

Фејсбук, кој го купи WhatsApp во 2014 година, се обидува да открие каде се случил упадот во оперативниот систем на Безос.

Ник Клег, потпретседател на Фејсбук за меѓународни работи и комуникации, минатата недела изјави за Би-Би-Си дека хакирањето на мобилниот телефон на Безос не може да биде грешка на WhatsApp затоа што системот за преписка бил заклучен со код, спречувајќи го пристапот до пораките.

Експертите како Марк Роџерс, потпретседател за компјутерска безбедност во Окта, снабдувач за складирање на податоци и софтвер за безбедност на клиентите, сметаат дека овие неуспеси се неодамнешни.

„Наоѓањето на дупките во безбедноста во 2019 година не значи дека тие се создадени токму тогаш. Многу од нив сигурно постоеле многу одамна и веројатно е дека некој ги злоупотребил“, тврди Роџерс.

Тој додава дека сега само слушаме за ранливоста на податоците на WhatsApp, затоа што тоа е во интерес на некој кој и самиот стравува колку далеку отишла злоупотребата.