Home Шоубизнис Вулгарната страна на фудбалот како бизнис: Нејмар заработува 100.000 евра на ден

Вулгарната страна на фудбалот како бизнис: Нејмар заработува 100.000 евра на ден

Сајтот Football Leaks, специјализиран за откривање на „тајните“ на фудбалскиот пазар, дошол до сознанија колку Нејмар заработува во ПСЖ. Сознанијата на Football Leaks беа објавени во германскиот весник „Шпигл“.

ПСЖ на Барселона за Нејмар им искешира 222 милиони евра, што преставува апсолутен рекорд во фудбалот.

Меѓутоа не е само оваа цифра рекордна во трансферот на Бразилскиот напаѓач. Имено Football Leaks, тврди дека Нејмар дневно има гарантирани 100.000 евра! Ова значи дека тој месечно заработува повеќе од три милиони евра, или 4.000 евра секој час.

Овие цифри можат да бидат и поголеми, бидејќи доколку Нејмар го оствари сите бонуси од договорот со ПСЖ, тогаш тој може да заработи 57 милиони евра годишно.

Нејмар во досегашните шест натпревари за ПСЖ има постигнато пет гола.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …