Home Вебкафе Вучиќ на Пендаровски: Стево, што ќе ти е превод кога сè знаеш српски, мене не ми треба за македонски

Вучиќ на Пендаровски: Стево, што ќе ти е превод кога сè знаеш српски, мене не ми треба за македонски

Заедничката прес-конференција која ја одржаа претседателите на Македонија и Србија, Стево Пендаровски и Александар Вучиќ, српскиот државник ја отвори со мала шега.

„Па Стево, што ќе ти е превод кога сѐ знаеш? Мене не ми треба за македонски. Тој десет пати подобро зборува српски отколку јас македонски“, шеговито коментираше српскиот претседател Александар Вучиќ на барањето од Пендаровски слушалки за преводот од српски на прес-конференцијата во Белград.

Вучиќ му се заблагодари на Пендаровски за, како што рече, подобрување на односите меѓу Белград и Скопје.

„Ние ништо не бараме, ни од минатото ни од сегашноста. Само добро да работиме и убаво да живееме едни покрај други. Тоа е мојата порака за Скопје, за Република Северна Македонија, за луѓето кои живеат таму. Ние сакаме да ја прифатите нашата рака а ние вашата. Нашите односи се многу добри”, рече Вучиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Меѓу светлината на рефлекторите и темнината на болеста: Емилија Кларк како симбол на храброст

МЕЃУ СВЕТЛИНАТА НА РЕФЛЕКТОРИТЕ И ТЕМНИНАТА НА БОЛЕСТА: ЕМИЛИЈА КЛАРК КАКО СИМБОЛ НА ХРАБР…