Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Денеска претпладне времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 30, Маврово 22, Охрид 27, Битола 28, Крива Паланка 26, Берово 24, Кавадарци 31, Дојран 33 Целзиусови степени.

Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Дневните температури ќе се движат од 22 до 32 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…