Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени.

Следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има повремен локален дожд. В четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а в петок и во деновите од викендот ќе има појава на локален пороен дожд и ретки грмежи. Минималните температури до среда наместа ќе се спуштат под нулата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…