Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Денеска, вторник, 12. октомври, времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 13 Целзиусови степени, Маврово 8, Охриод 14, Битола 13, Крива Паланка и Берово 10, Кавадарви 14, Дојран 16.

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачно, во западните и јужните делови со локални врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…