Home Шоубизнис „Втора смена“ – сеќавање на едно време со поинакво детство

„Втора смена“ – сеќавање на едно време со поинакво детство

Тие кои растеа со кратката детска серија „Втора смена“, сигурно уште имаат топли спомени и длабоки емоции кои ги поврзуваат со своето детство, со една наивна безгрижност во не така лесни времиња на поширок политички план.

„Втора смена“, работена според истоимената книга на Велко Неделковски, беше една симпатична серија за првите детски љубови, детската возубда за првиот одмор со непознати другарчиња, за авантурите и другарувањето, за незаборавните детски летни мигови кои оставаат длабока трага во животното сеќавање на секој кој искусил нешто слично.

Денес нештата се прилично многу сменети. Детството и другарувањата не се на тоа ниво. Социјалните мрежи и технологијата денес нудат огромна можност за лесно поврзување, но и за поголема осаменост и лажна припадност на нешто неопипливо. Денес ги нема тие преписки и дописки меѓу другари и другарки кои се сретнале на начин како во „Втора смена“, а кои многумина ги одржуваат тие пријателства и ден денес.

Во име на тоа време, на такво детство и такви културни и општествени вредности, се сеќаваме на „Втора смена“ и ги споделуваме сите епизоди со вас.

А за крај и едно видео снимено со главните протагонисти од серијата после 30 години од нејзиното емитување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …