Home Актуелно Втор ден од предизборната кампања – кој каде ќе митингува денес

Втор ден од предизборната кампања – кој каде ќе митингува денес

Партиите денеска продолжуваат со предизборната кампања за промовирање на своите програми на митинзи и средби со граѓани.

Според најавите од партиите, по централните собири на двете најголеми партии од македонскиот политички блок одржани синоќа , владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Ресен (17.30 часот)  и во Струга (20.00 часот), а опозициската СДСМ денеска кампањата ја продолжува во скопско Драчево (16.30 часот), Кисела Вода (17.30 часот) и Аеродром, пред платото на ТЦ Бисер (19.00 часот).

Владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ) ќе ја промовира платформата на Скопски саем, во бизнис салата (12.00 часот), а опозициската ДПА ќе одржи митинг во село Црнилиште (18.00 часот).

Коалицијата за промени и правда ќе одржи прес-конференција пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (14.00 часот), по што вечер ќе одржи митинг во Велес во библиотеката Гоце Делчев (18.00 часот), а коалицијата ВМРО за Македонија најави трибина во Охрид, во Домот на културата Григор Прличев во 19 часот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…