Home Спорт Врие во Шпанија: Каталонскиот олош нема да ја види титулата!

Врие во Шпанија: Каталонскиот олош нема да ја види титулата!

Ако Барселона не ја одбрани титулата ќе знае каде ја пропушта шансата – во Малага! Каталонците неодамна загубија во Малага со 2:0 и тие три бода можат да се покажат како клучни во трката за титулата со Реал Мадрид.

Во последното коло од Примера, Малага го дочекува Реал Мадрид, па иако бодовите не им се потребни, спортски е Каталонците да се надеваат дека тимот од Андалузија може да го запре Реал.

Меѓутоа, во таборот на Барселона не се надеваат многу и сметаат дека Малага нема намера против Реал да го повтори изданието како против нив,

„Ако баба ми имаше педали ќе беше точак“, иронично искоментира Луис Енрике на прашањето дали Малага може да му одземе бодови на Реал.

На сето ова претходеше пораката која на Твитер ја овјави претседателот на Малага, шеикот Абдула Ал Тани. Тој на молбата на еден фан за Малага да го запре Реал одговори:

„Каталонскиот олош нема да ја види титулата“!

Ваквата постапка на богатиот шеик ги разбесни сите во Каталонија и додатно ја разгоре атмосферата пред последните натпревари во Примера.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…