Времето денеска: Сончево и топло, можен….

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови во северите делови од земјата ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 31 до 39 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 38 степени.

До вторник дневната температура ќе биде во секојдневен пораст и во голем дел од земјата температурата ќе надминува 35 степени, а на југоистокот ќе достигнува и 40 степени. УВ-индексот ќе има многу висока вредност 9.

Утре и во понеделник не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, пред се, во планинските подрачја.

Од вторник се очекува промена на временската состојба кога во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните делови. Дневната температура, почнувајќи од запад ќе биде во опаѓање, кое ќе продолжи и во наредните два дена.