Наместо да му одговори на прашањето – мавна на екс една чаша виски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатата актерка Хали Бери ги остави без зборови големиот број нејзини фанови кога на промоцијата на нејзиниот нов филм Kingsman: The Golden Circle, испи на екс голема чаша виски.

Оскаровката седеше на маса кога еден обожавател упати прашање до неа дали нејзиниот нов шпионски филм е побритански од Џејмс Бонд, во кој Бери го глумеше славниот лик на Бонд девојката во 2002 година. Хали ова го окарактеризира како тешко прашање, велејќи дека на драго срце не би одговорила на истото.

Претходно, модераторот на панел дискусијата Џонатан Рос ги послужи со виски актерите кога Чејнин Татум ги наполни чашите. На „тешкото“ прашање од обожавателот Татум се пошегува дека Бери, наместо одговор, може да испие чаша виски, по што многумина почнаа да навиваат и да ја наговараат актерката да го направи тоа.

„Ох, го можам тоа јас. Сакате да видите?“, прокоментира актерката пред да стане и да ја мавне на екс чашата виски.

После филмскиот хит Kingsman: The Secret Service, од 2015 година, во септември оваа година стигнува продолжението на возбудливата приказна, Kingsman: The Golden Circle.

Покрај Бери и Татум, во филмот се појавуваат и Тарон Егертон, Колин Фирт, Марк Стронг, Софи Куксон, Едвард Холкрофт, Педро Паскал, Џеф Бриџис, Вини Џонс и Елтон Џон.

Премиерата е закажана за 22 септември.