Home Актуелно Времето денес и во наредните денови

Времето денес и во наредните денови

Времето денес ќе биде умерено облачно, попладне во јужните делови ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

Максималната температура ќе достигне 40 степена, а вредноста на УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне 39 степени.

Од УХМР известуваат дека до петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Денес и утре во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во јужните делови.

Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе биде висока.

Преку ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…