Home Актуелно Временска прогноза за првиот септемвриски ден

Временска прогноза за првиот септемвриски ден

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаба до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 26 до 34 степени. УВ вредноста ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност облачност. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

До сабота ќе се задржи претежно сончево и топло време, а на места максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

Во недела нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса што ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и повремено засилен југозападен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови и во источните делови од земјава. Локално процесите ќе бидат поинтензивни. Од понеделник следува стабилно, посвежо и ветровито време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…