„Не сум истиот човек“: Интервју со „свиркачот“ Лазаревски кој ги предаде прислушуваните „бомби“ (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јас веќе не сум веќе истиот човек. Веројатно за еден живот вреди да се помине тоа, да си речеш „барем не сум живеел залудно“, вели разузнавачот Ѓорги Лазаревски, „виновникот“ за обелоденувањето на прислушуваните материјали по поминати 11 месеци во притвор.

Во интервју за порталот НоваТВ, Лазаревски, поранешниот началник на петата управа во МВР, вели дека во УБК се создал амбиент на приватизација на институцијата.

Тој и Ѕвонко Костовски беа обвинети во случајот „Пуч“ дека ги дале нелегално прислушуваните разговори на Зоран Верушевски, кои потоа претседателот на СДСМ Зоран Заев ги објавуваше. Лазаревски вели дека во 2008 година дознал дека во УБК се прави нелегално масовно прислушување и не сакал тоа да го премолчи. Заедно со колегата Ѕвонко Костовски три години ги собирале нелегално прислушуваните разговори за да се открие вистина. Потоа материјалите му биле давани на Зоран Верушевски.