Home Актуелно Временска прогноза за првиот есенски ден

Временска прогноза за првиот есенски ден

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со умерен до засилен северозападен ветер, повеќе изразен во источните делови. Во вечерните часови облачноста ќе се намали.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 13 до 23 Целзиусови степени: Скопје 21, Маврово 13, Охрид 18, Битола19, Кавадарци 22, Берово 16, Дојран 23.

За време на викендот ќе има преодно стабилизирање на временските услови, ќе преовладува главно сончево време со свежи утра и нешто повисоки дневни температури кои ќе се движат во интервал од 18 до 27 степени.

Нов влажен бран се очекува во понеделник.

Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата поточно почнува денес во 22 часот и две минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува пролетта.

Есента ќе трае до 21 декември кога настапува зимата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…