Home Шоубизнис Надал загрижен: Не можам да ја замислам Шпанија без Каталонија, ниту обратно

Надал загрижен: Не можам да ја замислам Шпанија без Каталонија, ниту обратно

Тенисерот Рафаел Надал изјави дека неговиот англиски не му дозволува на најдобар начин да опише што чувствува по прашањето за референдумот за независност на Каталонија.

Тој, исто така, рекол дека не може да ја замисли Шпанија без Каталонија и обратно.

„Не сакам да го видам тоа, но тоа е нешто што се случува. Сакам двете страни сериозно да расправаат за овој проблем и да најдат најдобро решение“, рекол Надал, кој се наоѓа на турнир во Прага.

Тој додал дека верува дека истото мислење со него го делат мнозинството Шпанци.

„Не ни се потребни судири и проблеми затоа што заедно сме подобри и посилни“, изјавил Надал, кој е роден на Мајорка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кој ќе настапи на јубилејната парада на „Мејсис“ за Денот на благодарноста во 2026 година?

Меган Морони, Теди Свимс, Квин Латифа и уште многу музички ѕвезди ќе бидат дел од 100. пар…