Home Актуелно Временска прогноза за последниот вторник од 2021 година

Временска прогноза за последниот вторник од 2021 година

Денеска, вторник, 28. декември, времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, наутро и претпладне со услови за појава на магла и ниска облачност по котлините и речните делини. Претежно во јужните делови ќе има слаб ветер од северен правец.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 8 Целзиусови степени, Маврово 7, Охрид 10, Битола и Крива Паланка 9, Берово 8, Кавадарци 9 и Дојран 13.

Утре времето ќе биде претежно облачно, со повремен локален дожд. Наутро ќе има услови за појава на магла понекаде во котлините. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец, а дневните температури ќе се движат од 6 до 13 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…