Home Актуелно Временска прогноза за последниот понеделник во август

Временска прогноза за последниот понеделник во август

Последниот августовски понеделник во Македонија носи променливо облачно време, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне претежно во северните делови со услови за локален пороен дожд и грмежи.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 37 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 31, Битола 34, Кавадарци 37, Крива Паланка 32, Берово 30, Дојран 39 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне на запад со услови за локален пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во Скопје 35, Маврово 26, Охрид 31, Битола 33, Кавадарци 36, Крива Паланка 31, Берово 29, Дојран 38.

Од среда повторно ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и дневни температури од 28 до 37 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…