Временска прогноза за последниот јулски понеделник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, 27 јули, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 32 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 29, Битола 31, Крива Паланка 28, Берово 27, Кавадарци 34, Дојран 36.

И утре времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 9, а дневните температури од 27 до 37 степени.