Home Актуелно Временска прогноза за последниот февруарски ден

Временска прогноза за последниот февруарски ден

Последниот февруарски ден во Македонија носи променливо облачно време. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со локални врнежи од слаб снег, особено во западните и јужните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 6 Целзиусови степени, Маврово -3, Охрид 5. Битола 3, Крива Паланка 2, Берово 1, Кавадарци 7, Дојран 9 степени.

Утре времето ќе биде облачно со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а дневните температури ќе се движат од -2 до 8 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…