Временска прогноза за последниот ден од 2020 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последниот ден од оваа година во Македонија носи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои на места, особено во источните делови повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.

На планините во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. До вечерните часови врнежите речиси на секаде ќе престанат, така што за време на новогодишната ноќ во најголем дел од земјава ќе биде суво, освен во крајните западни подрачја каде се уште ќе има услови за слаб дожд, а на планините слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 11, а дневната од 9 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе достигне 13 степени.

Утре и задутре времето ќе биде стабилно, претпладне со услови за слаба магла по одделни котлини, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Нови пообилни врнежи се очекуваат од недела.