Home Актуелно Временска прогноза за овој петок

Временска прогноза за овој петок

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност и слаб ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 11 до 18 степени, а максималните од 30 до 36 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде 16, а максималната до 35 степени.

До вторник под влијание на многу топла воздушна маса ќе има секојдневен пораст на дневната температура, која почнувајќи од викендот во голем дел од земјава ќе надминува 35, а на места ќе достигне и 40 степени.

УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9. За време на викендот не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во сабота во планинските подрачја. Промена на времето се очекува од вторник кон крајот на денот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…