Временска прогноза за оваа среда


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 8 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 16 до 25 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 4 и дневна до 24 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и ќе дува умерен јужен ветер, особено изразен вдолж Поварадарието. Утринските температури ќе бидат во постепен, а дневните во позначителен пораст.

Од ноќта кон сабота облачноста ќе се зголеми и за време на продолжениот викенд ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од недела ќе започне да дува северен ветер, кој ќе донесе мало спуштање на температурите. Во понеделник попладне се очекува нестабилно време со појава на грмежи.