Тешка поморска несреќа во Хрватска: Две лица загинати, пет исчезнати


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Две лица загинале, а по пет се трага, по тешката поморска несреќа во Хрватска, во која с судриле два брода. Еден од бродовите бил во сопственост на Пристанишната капетанија Дубровник.

Ресорното министерство соопшти дека бродот на Пристанишната капетанија Дубровник Данче, во вторникот околу 21:30 часот во каналот Колочеп. Службениот борд де судрил со гумен брод со непозната регистрација, на кој имало деветмина угостителски работници, сите хрватски државјани.

Несреќата се случила во моментот кога бродот на Пристанишната капетанија бил ангажиран во акција за итен медицински транспорт кон островот Мљет.

На местото на несреќата веднаш биле спасени две лица, кои се здобиле со полесни повреди, додека други две лица биле пронајдени мртви. По преостанатите пет лица трагаат спасувачките служби.