Временска прогноза за денешниот јунски четврток


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска, четврток, 8. јуни, времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Скопје 29 Целзиусови степени, Маврово 20, Охрид 24, Битола 26, Крива Паланка 24, Берово 23, Кавадарци 29, Дојран 30.

Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Дневните температури ќе се движат од 20 до 30 степени.