Вознемирувачка снимка: Стравична експлозија во Бејрут


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Снимката е вирално споделувана на социјалните мрежи. Тамошниот министер за здравство изјави дека има многу повредени и предизвикана е огромна материјална штета.

Снимките од блиското пристаниште ја пренесуваат големата штета предизвикана од експлозијата, а според локалните медиуми станува збор за експлозија која се случила во складиште каде се чувале запалливи материи. Што ја предизвикало екпслозијата се уште не се знае.

Засега нема информации за жртви, но Црвениот крст веќе испратил 30 тимови на лице место, во центарот на градот. Медиумите јавуваат и за луѓе кои лежат низ улиците, и велат дека следува долга ноќ.