Home Актуелно Возачот кој управуваше со автобусот од вчерашната трагедија пуштен на домашно лекување

Возачот кој управуваше со автобусот од вчерашната трагедија пуштен на домашно лекување

49-годишниот М.Т. од Гостивар, кој вчера управуваше со автобусот на „Дурмо турс“ кога истиот излета од патниот правец Скопје-Гостивар, несреќа во која загинаа 14 лица, денес е пуштен на домашно лекување.

Како што соопштија денеска од Градската општа болница „8 Септември“ возачот имал телесни повреди, но се наоѓал во стабилна здравствена состојба по што е пуштен на домашно лекување.

Од МВР вчера потврдија дека истражните органи извршиле разговор со него, но се уште не се познати причините за несреќата. Од јавното обвинителство велат дека увидот е во тек и дека со соопштение ќе излезат во текот на денот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…