Сочувство од колегите и сопартијците до пратеникот Трпевски чиј син загина во сообраќајката кај Ласкарци


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пораки со сочувство и поддршки да остане силен стигнуваат преку социјалните мрежи до пратеникот на СДСМ од Гостивар, Благојче Трпевски, чиј син е еден од загинатите во вчерашната автобуска трагедија која се случи на патот Скопје-Гостивар.

„Голема загуба“, „Нема зборови на утеха“, „Биди силен“, се само некои од пораките.

Јовица Трпевски е еден од 15 загинати во тешката сообраќајна несреќа. Сите загинати и повредени се од Гостивар.