Возачот кој управуваше со автобусот од вчерашната трагедија пуштен на домашно лекување

49-годишниот М.Т. од Гостивар, кој вчера управуваше со автобусот на „Дурмо турс“ кога истиот излета од патниот правец Скопје-Гостивар, несреќа во која загинаа 14 лица, денес е пуштен на домашно лекување.

Како што соопштија денеска од Градската општа болница „8 Септември“ возачот имал телесни повреди, но се наоѓал во стабилна здравствена состојба по што е пуштен на домашно лекување.

Од МВР вчера потврдија дека истражните органи извршиле разговор со него, но се уште не се познати причините за несреќата. Од јавното обвинителство велат дека увидот е во тек и дека со соопштение ќе излезат во текот на денот.