Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од ретките македонски активисти за човекови и малцински права во Грција, Павлос Воскопулос, односно Павле Филипов се огласи по повод најавените преговори за промена на нашето име, со одлична поента.
После 1991 година и распадот на Југославија, Македонија направи идеално решение, дури да се убедат – амортизираат грчките опсесии, пишува во фејсбук статус Павлос Воскопулос Филипов, македонски активист за човекови права во Грција.
Конкретно народот и влста почитувајќи го грчкиот „страв“ или грчките резерви околу употребувањето на терминот „Македонија“ (има регион во северна Грција што го носи името…) реши-одлучи, името на оваа поранешна федеративна компонента „Социјалистичка Република Македонија“ во рамките на Југославија, да се вика како млада независна држава НЕ „Македонија“ туку „Република Македонија“. Власта и граѓаните одбрале идеален префикс „Република“ или „Republic of“ (на англиски-меѓународно) за да се диференцира и разликува од регионот во северна Грција. Уште подетално, нема ни 1cm2 земја во Грција што се вика „Република Македонија“. Затоа нема ни минимум причини за „конфузии“ со употребувањето на името на државата “Republic of Macedonia”. Точка.
Ние Македонците припадниците на македонското национално малцинство во Грција, жалиме што Грција имплементира деструктивна, антиевропска, антизападна политика по повод „темата“ и против добрососедските односи на државите во регионот.
Ја покануваме Грција да си ја поправи оваа негативна позиција-политика за доброто на регионот и пошироко“, вели Павле Воскопулос.