Home Актуелно Во земјава присутни два, три соја на вирусот Ковид-19, од есен можни нови рестрикции

Во земјава присутни два, три соја на вирусот Ковид-19, од есен можни нови рестрикции

Во земјава се активни 207 случаи на заразени со Ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека се присутни два, три соја на вирусот, нагласувајќи дека превенцијата и вакцинацијата важат за сите соеви. Имено, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот секојдневно се зголемува, а досега се вакцинирани 686.788 граѓани со една доза, а ревакцинирани се 252.338 граѓани.

„Принципите на превенцијата се истите и без разлика кој сој на вирусот ќе дојде ќе останат исти – маската, дистанцата, дезинфекцијата на рацете и ние не можеме да живееме затворени. Граѓаните мора да го имаат ова на ум и да имаат на ум дека станува збор за нивното здравје и кога е во прашање вакцинацијата, но и кога се во прашање превентивните мерки“, нагласи Филипче.

„Вакцинацијата и превенцијата се однесуваат на сите соеви. За колективен имунитет, треба да се вакцинираат помеѓу 70 и 85 проценти од населението“, изјави тој вчера.

„Се проценува дека до крајот на јули околу 500 000 луѓе ќе бидат вакцинирани со една доза и приближно толку ќе бидат ревакцинирани“, додаде Филипче.

Тој најави дека во случај на ширење на инфекцијата наесен, може да се воведат нови мерки за ограничувања.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долговечност на јапонски начин: 14 мудри тајни за подолг, поздрав и посреќен живот

Во свет каде што сите постојано ја бркаат младоста, долговечноста стана водилка на совреме…