Home Актуелно Во Тетово разрешен директор на средно училиште поради учество во насилствата во Собранието

Во Тетово разрешен директор на средно училиште поради учество во насилствата во Собранието

Директорот на средното земјоделско училиште Моша Пијаде, Александар Бачевски е разрешен од таа функција со решение на градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

Според снимките од безбедносните камери за време на настаните во Собранието на 27 април се гледа како Бачевски учествувал во толпата што ги напаѓаше пратениците, jaви Алсат.

За градоначалничката Арифи нема никаква дилема дека Александар Бачевски не може повеќе да биде директор на едно училиште.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…