Во текот на септември стартува мерката „лекови без квоти“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев најави старт на решението за лекови без квоти меѓуд 1-ви септември и 1-ви октомври, до кога надлежните работат на изнаоѓање механизми на контрола за да нема злоупотреби.

„Наша асприрација е меѓу 1-ви септември и 1-ви октомври да ги пуштиме лековите компленто без квоти. Тоа е сериозен исчекор, државата влегува во сериозен ризик, но граѓаните ќе имаат лекови. Ако успееме да ги ставиме контролните механизми ние ќе стартуваме со еден ваков процес, така што суштината е буквално пораката – немојте да крадете од граѓаните и државата, затоа што без разлика кој во каков сегмент работи тоа е казниво по Кривичниот закон и се одговара со казна затвор“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Ургентниот центар во Куманово.

Тој рече дека има сериозни индиции за злоупотреба во делот на позитивна листа на лекови и издавањето на рецепти, пренесува Фокус.

„Прво не сум обвинил никого. Реков јавно дека постојат сериозни индиции за злоупотреба во делот на позитивната листа на лекови и издавањето на рецептите. И ние очигледно гледаме, дека генерално, во буџетот се повеќе се зголемуваат парите во делот на издавање лекови на позитивнта листа, а бројката или наталитетот во државата остануваат исти. Еве дури во еден дел се намалува поради миграцијата“, рече Заев.

Тоа, според премиерот, дава сериозни индиции дека некаде се случуваат незаконски дејствија.

„Пораката од мене како претседател на Владата е криминалот значи затвор, значи одговорност. Секој кој што ќе се огреши треба да си прифати одговорност. Не обвиниваме никој, тоа може само истрагата да го потврди, виновен е оној за кој секако само докази ако има“, рече Заев и додадедека целта е да се испрати порака – „никој да не ги чепка парите што граѓаните ги уплаќаат во државната каса“.