Опозицијата бара пописот на населението да се изврши во 2021 година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во своите барања во врска со пописот на населението кои опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги упатува кон власта е и она пописот да се одржи во 2021 година, како што било предвидено според ЕВРОСТАТ, а не како што предвидува Владата.

Опозицијата има сериозни, суштински и значајни забелешки за Законот и концептот за новиот попис. Тие не се мали и се клучни за пописот да може да биде на ниво на стандардите на ЕУ и Евростат. Само таков попис може да биде од корист на сите, а не операција која ќе предизвикува страв или радост кај граѓаните од губење или добивање одредени права, порача денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, кој забелешките ќе ги пресе на тим од Владата со кој ќе имаат средба на оваа тема, пренесува 24.мк

Тој не исклучува ВМРО-ДПМНЕ да се согласи и пописот да се одржи догодина, но, како што рече, само доклку се вградат суштинските забелешки. Во спротивно, потенцира Димовски, останува отворена опцијата партијата да повика на бојкот на пописот.

Опозицијата бара да се формира колективно тело составено од стручни лица, кое ќе биде одговорно за пописот, бидејќи, како што рече Димовски, не може директорот на Државниот завод за статистика, кој е политички назначен, да го води целиот процес. Доколку не се формира такво тело, според него, неговата улога може да ја преземе Советот за статистика, кој постои и е составен од стручни лица од оваа област.

– Исто така не може попишувањето да се врши само со матичен број, туку мора да биде со релевантни документи, лична карта, извод или пасош, и да се прецизира кој ќе може да даде податоци за лица што се надвор од државата, да не може тоа да го прават соседи или пријатели, туку да биде наведено и кој од семејството и до кое колено може да дава податоци. Мора прецизно да се дефинира и кој ќе биде опфатен во резидентно население според препораките на ЕВРОСТАТ, рече Димовски на прес-конференцијата.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ инсистира дека попишувањето треба да се спроведува со документ, а не преку електронска пописница, а на документот да има потписи од попишувачот и попишаниот. Така, потенцира Димовски, ќе има гаранција за она што е венесено во пописницата.

Според она што партијата го има како забелешки, лицата, кои ќе се попишат електронски, не треба да се водат како резитентно население. Опозицијата, исто така, бара во законот да се дефинираат и податоците кои ќе се бараат со пописот, како и бидејќи станува збор за лекс специјалис да се дефинираат сите поими, како – население, вообичаено место, пописен регион, домаќинство…, со цел, како што рече, да не дојде до различни толкувања.

Попишувачите, смета Димовски, треба да бидат од различна етничка припадност по случаен избор, а комисиите да се изберат од администрацијата исто како на избори, но и да се обезбеди рамномерна застапеност на етничките заедници. Попишувањето, според опозицијата, не треба да го прави по еден попишувач.

Во врска со базите на податоци, Димовски истакна дека мора да се набројат сите и да се наведе кои во кој дел од операцијата ќе се користат дали во подготовката, дали во спроведувањето на операцијата, или пак по завршувањето заради проверка на податоците. Исто така, опозицијата бара наместо како што предвидува предлогот на Владата да се врши попишување само на јазикот на кој ќе побара попишаниот, тоа да се прави на македонски јазик и на јазикот кој ќе го побара. По завршувањето на пописот, опозицијата бара да се направи проверка на два отсто од материјалот, пред податоците да станат официјални.