Home Актуелно Во светски рамки како последица од коронавирусот досега починале 3.884.538 лица

Во светски рамки како последица од коронавирусот досега починале 3.884.538 лица

3 милиони 884 илјади и 538 лица во светски рамки досега починаа како последица од коронавирусот, додека 179 милиони и 71.540 се инфицирани, објавија денеска западните медиуми во новиот биланс на смртни и заразени случаи.

Бројот на официјално заразени лица не го одразува реалниот број на инфицирани, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.

САД се најсериозно погодената земја, според бројот на починати и заразени, со 602.462 смртни случаја и 33.565.294 инфицирани.

По САД, најтешко погодени земји се Бразил со 504.717 смртни случаи и 18.054.653 случаи на инфекција, Индија со 390.660 починати и 30.028.709 заразени, Мексико со 231.505 смртни случаи и 2.482.784 инфицирани и Перу со 190.906 починати и 2.033.606 заразени пациенти.

Перу е држава со најголем број смртни случаи по глава на жител, со 579 смртни случаи на 100.000 жители. Следат Унгарија (310), БиХ (294), Чешка (283) и Македонија (263).

Латинска Америка и Карибите имаат 1.246.143 починати (35.335.990 заразени), Европа 1.160.364 смртни случаи (54.041.134 заразени), САД и Канада 628.649 починати (34.975.347 инфицирани), Азија 561.328 смртни случаи (39.304.841 заразени), Блискиот исток има 148.356 починати (9.109.172 заразени), Африка 138.580 смртни случаи (5.253.018 заразени) и Океанија 1.118 починати (52.045 заразени).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…