Во сукњата од нејзината ќерка најде нешто од што ќе ви се згади!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натали Кирквуд од Велика Британија се загрижила кога забележала неугоден мирис од сукната на нејзината 7 годишна ќерка, па одлучила да ја исечи и замислете во неа пронашла мртов глушец.

31 годишната мајка најпрво мислела дека нејзината ќерка нешто оставила во џебовите, но кога ја прегледала сукната сфатила дека нешто се крие во еден од наборите.

„Се чувствував ужасно кога го пронајдов глушецот. Мојата ќерка таа сукна ја носеше многу пати. Што би било ако се разболела од тоа?“ рече загрижената мајка.

Сукната ја купила во продавницата Асда во градот Данстабл каде што живее со родителите. „Ќерка ми има многу сукни, но оваа најчесто ја носеше. Пред два дена ги диплев нејзините аишта и почувствував необичен мирис. Мислев дека нешто оставила во џебовите, но за жал тоа беше глушец“ вели таа.

„Ја контактиравме продавницата, а тие ни рекоа да им ги однесеме сукната и глушецот. Им одговорив дека не сакам да одам, а тоа да ми смрди во автомобилот, па тие рекоа дека ќе пратат возач, но се уште никој не е дојден“ вели мајката.