Home Актуелно Во Софија уапсено лице заради говор на омраза на Фејсбук поврзан со автобуската трагедија

Во Софија уапсено лице заради говор на омраза на Фејсбук поврзан со автобуската трагедија

Бугарските полоциски служби привеле 24-годишен маж, кој објавувал коментари на Фејсбук поврзани со трагичната несреќа со патничкиот автобус на автопатот Струма, спротивни на моралните и етичките норми, соопшти бугарското МВР.

Лицето, кое е приведено во Софија од службеници на Генералната дирекција за борба против организираниот криминал по добиена пријава, имало криминално досие.

„Материјалите се пријавени за сторено кривично дело од чл. 162 од Кривичниот законик – ширење омраза врз основа на националност преку информациски систем“,

соопштиле од бугарското МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…