Home Актуелно Во Софија и Анкара најголема излезност на македонските дијаспорски гласачи

Во Софија и Анкара најголема излезност на македонските дијаспорски гласачи

Најголема излезност до 13 часот во 46-те ДКП на Република Македонија во кои денеска се гласа за предвремените парламентарни избори од 55,5 отсто е регистрирана во Софија и Анкара.

Според податоците на Државната изборна комисија, во Софија од запишаните 36 гласачи гласале 20 лица, а во Анкара од 45 гласале 25-мина.

Најголем број избирачи од дијаспората се пријавиле да гласаат во Швајцарија каде на четири избирачки места во Берн треба да гласаат 4.255 лица, во САД во четири града – Вашингтон, Детроит, Чикаго и Њујорк вкупно треба да гласаат 3.086 лица и во Австралија на две избирачки места во Мелбурн и Канбера каде треба да гласаат вкупно 1.807 лица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…