Home Актуелно Во Скопје ограбени две спортски обложувалници

Во Скопје ограбени две спортски обложувалници

Две спортски обложувалници вчера вечерта биле мета на разбојниците во Скопје, информираше полицијата.

Едниот случај бил регистриран околу 20 часот во „Златна копачка“ на улицата Јужноморавски бригади во населбата Ченто, каде бил украден дневниот промет. Еден разбојник стоел надвор, а двајца влегле внатре и заканувајќи се со пиштол го украле прометот вработениот.

Другото разбојништво е регистрирано дваесетина минути пред полноќ во Тафталиџе во обложувалницата „Спорт лајф“ на улицата Лондонска. Таму влегол еден разбојник и украл околу 30.000 денари.

Засега нема информации за поврзаност на двата случаи. Полицијата информира дека се преземаат мери за расчистување на настаните.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…