Home Актуелно Преку јавно приватно партнерство до порамномерен регионален развој

Преку јавно приватно партнерство до порамномерен регионален развој

Јавно приватното партнерство може многу да помогне за економски раст на земјата, но и за јакнење на нејзината инфраструктура не само локално туку и регионално, заклучија учесниците на денешната Меѓународна конференција во Скопје организирана од организацијата КРИМ. Според учесниците, пресудни за успешноста на бизнисот не се финансиите, туку проекти.

„Пари има, значи треба да има проекти. Парите ќе бидат од разни инвестициски фондови, ќе бидат од Европската комисија за финансирање, од партнери на КРИМ Европа“, рече Зоран Лазаревски, координатор на C.R.E.A.M. Македонија.

„Целта на овој настан е да се претстави приватното јавно партнерство како една од регионалните стратегии за развој, да се промовира изградбата на инфраструктурните проекти кои се од големо значење за јавноста. Знаеме дека кај инфраструктурните проекти најголем проблем се парите, затоа се одржува и овој настан за да се изнајдат сите начини за финансирање на овие проекти“, рече Зоран Јелич, Претседател на C.R.E.A.M. Европа.

Од македонското претставништво на КРИМ велат дека тие во соработка со институциите од ЕУ како и КРИМ Европа, имаат за цел да воспостават европски конзорциуми за имплементација на инфраструктурни проекти. Во овој процес конзорциумите добиваат правна, финансиска и техничка помош од независни експерти.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…