Во Штип почина деветмесечно бебе – родителите го лекувале во домашни услови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, рано изутрина, во 3:05 по полноќ, штипската служба за итна помош пријавила во штипската полиција за починато деветмесечно бебе во дом на улицата „Железничка“.

Портпаролката на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека од полициски службеници во СВР-Штип бил извршен увид на местото на настанот при што било констатирано дека истиот ден околу 3.00 часот, 32 годишната Е.М., мајка на бебето забележала дека бебето не дава знаци на живот за што повикала екипа на Брза помош, а од нивна страна била константирана смрт.

Од разговорот со мајката на бебето и нејзиниот свекор А.М. дознале дека бебето повеќе од една седмица било болно, но истите не го однеле за укажување на лекарска помош во здравствена установа, туку го лекувале во домашни услови.

По наредба на основен јавен обвинител од Штип телото на починатото бебе е предадено за обдукција.