Во престрелката кај седиштето на ДУИ во Мала Речица убиен кандидатот за претседател на кумановскиот огранок


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во вчерашната престрелка на две групи од кумановското членство на Демократската Унија за Интеграција во близина на партиското седиште во тетовска Мала Речица, на која претходела вербална расправија, најпрвин дошло до тепачка, а подоцна и пресметка со огнено оруужје. Во неа животот го загуби еден од кандидатите за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ, Наим Реџепи.

На околу 200-300 метри од седиштето на ДУИ, едно од лицата кое било нападнато, успеало да стигне до својот автомобил со кој подоцна им го пресекол патот на напаѓачите и почнал да пука кон нив, велат очевидци за телевизија 24.

Едната група била блиска до еден поранешен пратеник на ДУИ од Куманово, кој своевремено беше дел и од партиското Централно претседателство, додека другата се поврзува со член на кумановскиот совет, кој патем бил во роднинска врска со еден во учесниците во инциндентот.

Наим Реџепи од Куманово роден 1971 година е лицето кој го загуби животот во вооружениот инцидент потврдува СВР Тетово.

Во престрелката која се случила некаде околу 18 часот и 20 минути, Реџепи загинал, а две лица се здобиле со прострелни рани, додека други две се приведени, неофицијално велат извори од МВР за телевизија 24. Полицијата го блокирала пристапот и работи на расветлување на случајот.

Со соопштение се огласија и од МВР.

„Денеска околу 18,20 ч. било пријавено пукање од огнено оружје во с.Мала Речица. По излегување на лице место пронајдени се чаури и траги од крв. Од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани, од кои едното (Н.Р.) починало, а другото било испратено во Клинички центар во Скопје. Подоцна во болницата во Тетово е донесено уште едно повредено лице. Приведени се две лица.“ – се вели во соопштението од МВР.